Во ОУ „Христо Узунов“ набавени компјутери со кој ќе се подобри работењето на електронската табла

Во ОУ „Христо Узунов“ набавени се компјутери кои ќе се користат  за подобрување на работењето на Електорнската табла која има голема улога во наставниот процес на училиштето.

„Набавени се компјутери од сопствени средства кои ќе се користат за подобрување на Електорнската табла која има мошне голема улога во наставниот процес на училиштето и во канцеларијата  кај Педагошко Психолошката служба за водење на архивата на школото и работата за Годишните програми на училиштето за настава и ред други документи“– вели директорот Тони Симоновски.