Кривична пријава за 27-годишна дилерка на дрога

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против В.А. (27) од Скопје, поради основи на сомневање дека неовластено набавила психотропна супстанца амфетамин и наркотична дрога, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје.

За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, Судија на претходна постапка на В.А. и изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено пријавената, која инаку во 2014 година била кривично пријавена за недозволена трговија со амфетамин и хероин, во текот на минатата и оваа година, од засега непознати лица, набавила поголема количина на амфетамин и марихуана и истите ги препакувала за улична продажба на уживатели од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека пријавената препакуваната дрога почнала да ја продава на уживатели од Скопје, презеде мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

Откако од страна на полициски службеници е потврдено сознанието биле преземени мерки и активности, при што во временскиот период 2015 и 2016 година при извршени лични прегледи кај пет уживатели од Скопје, биле пронајдени и одземени вкупно пет полиетиленски паковски со амфетамин и една полиетиленска паковка со кокаин. По извршените разговори со уживателите било утврдено дека сите, по претходен телефонски договор со пријавената, на различни локации во Скопје ги купиле паковките со дрога, кои им биле за лична употреба.

Од страна на полициски службеници истата била забележана во централното градско подрачје во непосредна близина на нејзиниот дом и при личен преглед кај неа биле пронајдени и одземени 58,56 грама марихуана, спакувани за улична продажба, две полителенски паковки со амфетамин и една дигитална вага.
В.А. била приведена и со истата бил извршен разговор, а по наредба од Судија на претходна постапка, бил извршен претрес во нејзиниот дом каде биле пронајдени (шест полиетиленски паковки со марихуана, три полиетиленски паковки со амфетамин и една дробилица за тутун.