Православните христијани од целиот свет го слават Христовото Воскресение, ден кој што е еден од најголемите христијански празници.
Илјадници граѓани, гости и туристи вечерва во сите цркви во Охрид дојдоа да ги слушнат звуците на камбаните кои на полноќ го означија Христовото Вокресение – Велигден.
Така беше и во Црквата Св.Никола Долна Влашка Маала и во црквата Црквата Свети Ѓорѓија, каде што река од православни верници, го дочекаа Христовото Воскресение и со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење на велигденските јајца и секако со поздравот Христос Воскресе, Навистина Воскресе.
Централната воскресна богослужба во Охрид се одржа во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, каде што чиноначалствуваше Митрополитот г. Тимотеј.
Денес ќе се служи литургија во црквите „Св. Богородица“ – Каменско, и „Св. Ѓорѓија“ Охрид, со почеток во 8:00 часот.
Исто така ќе се служи вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17:00 часот..
За многу години нека ни е празникот! Христос Воскресе, Навистина Воскресе!
WebOhrid/А.Андриоски