Светскиот ден на слободата на печатот е прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во декември 1993 година, по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО. Тоа е можност да се прослават основните принципи на слободата на печатот, да се процени состојбата со слободата на медиумите во светот, да се одбранат медиумите од нападите врз нивната независност, како и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи во вршење на службената должност.
Оваа година Светскиот ден на слободата на печатот се фокусира на три теми и тоа:
- слобода на информирање, како фундаментална слобода и како човеково право;
- заштита на слободата на печатот од цензура и прекумерен надзор;
- обезбедување на безбедност за новинарството, онлајн и офлајн.
WebOhrid