Под мотото „Знаење, партнерство, пораст“, од 10 до 12 мај во Охрид ќе се одржи првата Регионална конференција за активен туризам.
Најавено е присуство на повеќе од 200 претставници од јавниот и од приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа, кои ќе се поврзат со веќе потврдени 45 меѓународни туристички оператори од 16 земји.
Конференцијата има цел да го поттикне избивањето на Балканот како една од најдобрите и најнедопрените дестинации за активен туризам во Европа.
Лела Крстевска од Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот во Македонија појасни дека се организира обука за туристичките оператори кои ќе присуствуваат на конференцијата во Охрид со свои бизнис-предлози.
Извор: meta.mk