По повод 7-ми мај Денот на македонската полиција, денес во МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полицијата во кругот на министерството.
На настанот којшто практично е почеток на денешното одбележување на денот на македонската полиција цвеќе положија и претставници на семејствата на загинатите припадници на МВР, кои по ова беа примени од министерот Спасовски.
Инаку централниот настан во рамки на празникот се одржа во касарната Илинден.