Во текот на денешниот ден учениците од IV одделенија во централното училиште „Григор Прличев“ и подрачното во Населба Рача се запознаа со амбасадорската програма на Скопска пивара „Здравје и безбедност во школските денови“.
„Предавањето на креативен начин допре до учениците. Учење преку примери од животните како да спречиме: лизнување, препнување, паѓање, како се носи училишниот ранец, како се седи на училишното столче, како се седи пред компјутер и како учениците да се заштитат за време на пожар, внимателно беше проследено од страна на учениците.
Ова предавање беше реализирано од страна на Ивона Најдоска, истото е планирано и тековно веќе се реализира низ поголемиот број училишта во државата.“- информираат од училиштето.