Честитка од министерот Спасовски за 7 Мај – Денот на полицијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со честитка по повод 7ми мај – Денот на македонската полиција.

„Како министер за внатрешни работи ми претставува особена чест и задоволство на сите припадници на Министерството за внатрешни работи да Ви го честитам 7 Мај -Денот на полицијата и да Ви заблагодарам за посветеноста и пожртвуваноста што ја манифестирате во Вашето секојдневно ангажирање изразувајќи ја Вашата човечност и хуманост во справување со кризните состојби.

Вашата заложба и професионалност која ја покажувате е пример како полицијата треба да биде гарант за безбедноста на сите граѓани на Република Македонија.

Од Вас се очекува да бидете на висина на задачата, истрајни и професионални и да постапувате согласно Уставот и законите.

Свесни дека во овој момент да бидеш припадник на македонската полиција е тешка и макотрпна задача, Вие останавте на браникот на татковината и покажавте како се чува и сака Република Македонија.
Затоа, јас верувам во Вашиот капацитет дека и во иднина ќе истраете во справувањето со безбедносните предизвици борејќи се за добробитта и напредокот на македонското општество и граѓаните на Република Македонија.

На сите припадници на Министерството за внатрешни работи им честитам за професионализмот во извршување на одговорните задачи и лојалноста кон Република Македонија.

Честит 7 Мај, Денот на полицијата на Република Македонија!“– стои во честитката.