Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца, a по повод 71 година од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, организираат прослава која ќе се оддржи на 9 мај 2016 година ( понеделник ) со следната:
ПРОГРАМА
09:00 часот: Поаѓање од Охрид за Дебрца
10:30 часот: Споменик на револуцијата, победата и слободата ,,КРЕМЕНАТЕЦ” – подрачје ,,Раштани” – Дебрца
– Полагање цвеќе
– Пригодна реч на Наце Иваноски – професор по историја, на тема : Македонија во борбата против фашизмот.
– Обраќање на Градоначалникот на општина Дебрца – Игор Трајкоски.
– Културно – уметничка програма.
11:30 часот- БЕЛЧИШТА
– Полагање цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во НОБ.
– Посета на спомен собата на НОБ.
– Посета на ликовната колонија.