Пожарот во атарот на селата Вапила и Расино каде гори мешана шума е активен.
По интервенцијата на авионите на ДЗС во претпладневните часови дојде до смирување на пожарот и негова контрола. Меѓутоа, поради силниот ветар пожарот се обнови во правец на с.Сирула. На местото на пожарот се наоѓаат екипи на ТППЕ-Охрид и ШС Галичица-Охрид.
Моментално нема опасност од загрозеност на населени места од пожарот.