На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина е можност да им се оддаде признание за храброста и посветеноста на волонтерите и сите оние кои спасуваат животи и и се посветуваат на хуманоста секој ден. Мотото за оваа година е „Насекаде за секого“.