Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ освои трето место на  Државниот натпревар за најдобар солист

Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, во конкуренција за најдобар солист од 42 учесници го освои третото место, под диригентската палка на менторот Оливера Петковска.

FB_IMG_1462817129944

„Се надеваме дека оваа ученичка со својот извонреден глас ќе го најде местото помеѓу ѕвездите.“– вели директорот Ѓоко Чингоски.

13010050_1018777258214510_95233787_o_cr

Државниот натпревар се одржа на 8ми мај во Кавадарци, во организација на Друштвото на музички педагози на РМ.

WebOhrid