Шведски средношколци ја посетија охридската гимназија „Св.Климент Охридски” како дел од веќе традиционалната соработка помеѓу училиштата.
„Вљубеник во Македонија од каде е по потекло, проф.Љупчо Ларс Ралевски, ентузијаст е да ги запознае своите ученици и колеги од „Naverlönnskolan“, Шведска со нашите убавини, но и нашиот образовен систем. Вчера домаќините од гимназијата ги прошетаа гостите низ кабинетите, во спортската сала се одигра пријателски одбојкарски натпревар, а покрај тоа швеѓаните имаа прилика да ги проследат и подготовките за предстојната матурска парада. Посетата прерасна во спонтана дружба која продолжи и надвор од училишниот двор. Се очекува и нашата возвратна посета во иднина.“ – информираат од Гимназијата.