Шекеринска во дводневна посета на Шведска

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска е во дводневна посета на Шведска. Денеска, заменик претседателката Шекеринска ќе оствари средба со Александер Мојсијук од одделот за ЕУ во Министерството за надворешни работи на Шведска. Шекеринска ќе се сретне со членови на шведскиот парламент како и со претставници на сестринската Социјалдемократска партија на Шведска. Во рамки на дводневната посета, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ќе оствари средби со претставнции на медиуми и невладини организации. Во среда, заменик претседателката Шекеринска ќе има обраќање на јавен настан на којшто ќе зборува за моменталната…

повеќе...

Шведски средношколци во посета на охридската гимназија

Шведски средношколци ја посетија охридската гимназија „Св.Климент Охридски” како дел од веќе традиционалната соработка помеѓу училиштата. „Вљубеник во Македонија од каде е по потекло, проф.Љупчо Ларс Ралевски, ентузијаст е да ги запознае своите ученици и колеги од „Naverlönnskolan“, Шведска со нашите убавини, но и нашиот образовен систем. Вчера домаќините од гимназијата ги прошетаа гостите низ кабинетите, во спортската сала се одигра пријателски одбојкарски натпревар, а покрај тоа швеѓаните имаа прилика да ги проследат и подготовките за предстојната матурска парада. Посетата прерасна во спонтана дружба која продолжи и надвор од училишниот двор.…

повеќе...

Македонија атрактивна дестинација за шведскиот туроператор „TUI Fly Nordic”

Туристичкиот потенцијал на Македонија претставен на последниот саем во зимската сезона „TUR Resemässan i Göteborg” кој се одржува во Гетеборг, Шведска. Повеќе од 600 егзибитори и туристички компании како и повеќе од 100 туристички дестинации ја претставуваат својата понуда на најважниот саем во Шведска кој се оддржува од 19 до 22 Март, 2015 година. Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) со нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали го претставува туристичкиот производ од Македонија на уште еден туристички саем на Нордискиот пазар. „Оваа година остваривме средба и…

повеќе...

Делегација од СДСМ се сретна со социјалдемократите од општина Уландс – Бро во Стокхолм

Денеска претседателката на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски, остварија средба со советничката за социјална политика Керстин Ахлин од Социјалдемократската партија во општината Упландс – Бро, Стокхолм, Шведска. На средбата беа разгледани мерките за социјална заштита што се преземаат на локално и национално ниво со цел обезбедување социјална благосостојба на граѓаните во Шведска. Се разговараше и за продлабочување на соработката помеѓу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалдемократската партија од Шведска, во делот на социјалната политика, како и…

повеќе...

Делегација на СДСМ во Шведска се сретна со идниот премиер Стефан Ловен

Делегација на Социјалдемократскиот сојуз во Шведска лично ги пренесе честитиките и поддршката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на СДСМ, на Стефан Ловен, кој по уверливата победа на Социјалдемократите ќе биде иден премиер на Шведска. Претставниците на СДСМ, Васко Ковачевски – пратеник, Методија Тасовски – член на Централниот одбор, Ѓоко Танасоски – член на Извршниот одбор на партијата и Мила Царовска – претседателка на Комисијата за труд и социјална политика, во рамки на четиридневната посета на Шведска, остварија повеќе средби со кандидатите на Социјалдемократската партија на Шведска,…

повеќе...