Активности на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Денес екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ работеа на расчистување на патот за с. „Орман“, на потегот од булеварот „Туристичка”, во селото се до излезот кон селото Лакочереј, со косење и чистење на израснатата трева и трње кои ја попречуваа прегледноста на возилата.

FotorCreated1

„Во текот на изминатите денови се изврши подигнување на отпад од селата Велгошти. Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј и Подмолје. Исто беа опфатени делови од стариот дел на градот како патеките низ шумата кои водат од тврдината према „Плаошник”, па према „Лабино“ и према „Канео“.“– велат од претпријатието.

FotorCreated