Приведен косовски државјанин на ГП „Свети Наум“

Вчера во 14:30 часот на ГП „Свети Наум“, за излез од Р.М. со ПМВ „Голф“ со косовски регистарски ознаки се пријавил Д.Б. од Косово.

Од извршената проверка утврдено е дека сопатникот А.В. (29) од Косово, констатирано е дека не евидира, односно нема легален влез во Р.Македонија. Истиот е приведен во Полициската станица, а во 17:00 часот, со потврда за предавање на лице, е предаден на полициски службеници од РЦ-Запад за понатамошна постапка.