Царинската управа доби опрема вредна 52,5 илјади американски долари

Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија, на Царинската управа и врачи опрема -5 видеоскопски инспекциски системинаменети за спречување на незаконско тргување со стоки, во вредност од 52.494,72 американски долари.

Станува збор за опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници и значително придонесува за остварување на добри резултати во борбата против прекуграничниот криминал, со оглед дека софистицирана и модерна опрема е од примарно значење за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет во откривање и спречување на недозволена трговија и заштита на границите.

Во изминатите десетина години преку Програмата EXBS, на Царинската управа Aмбасадата на САД ѝ донираше оперативна опрема во вредност од околу 2 милиони американски долари, заедно со обуки за користење на истата, кои имаат за цел да го унапредат целокупното царинско работење и да придонесат за постигнување на подобри резултати, во насока на олеснување на меѓународната трговија и безбедноста на општеството.

Имено, од почетокот на 2016 година до сега, со помош на опремата донирана во рамките на Програмата EXBS, царинските службеници меѓудругото пронајдоа и запленија 4.536 парчиња разни лекови, 25.000 евра, 28 кг марихуана, 60 мл масло од канабис, 24.700 парчиња цигари и114 кг тутун.

EXBS 1