Хорот при ОУ „Христо Узунов“ од победа во победа

После освоеното прво место (100 бодови) на Регионалниот натпревар во Охрид, хорот при ОУ „Христо Узунов“ стекна право за учество на Републичкиот натпревар што секоја година се одржува во Кавадарци.

„На 8ми мај во раните утрински часови започнаа „музичките вибрации” во автобусот. Тргнавме кон победа.  За време на паузата во Прилеп, на бензиската станица одржавме мини концерт за случајните присутни. Го видовме бројот на октаните и посакавме толку поени. Настапот, како и сите други претходни, беше совршен, благодарение на силните подготовки и доброто расположение на диригентот и членовите на хорот и оркестарот.“– велат од хорот при ОУ „Христо Узунов“.

Насловот на авторската композиција „Моќна“ на Илија (музика и аранжман) и Вера (текст) Булоски направи да и учениците да се чувствуваат така.

„Прекрасно е да се вратиш како победник. А учениците? – Го чекаат септември за нови предизици, нови „музички вибрации”.“– додаваат од хорот при училиштето.

Hor Kavadarci 2016