Секретарот Спасески учествува на „Strong Cities Network Global Summit“ во Турција

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески присуствува на „Strong Cities Network Global Summit” , кој денес и утре се одржува во Анталија, Република Турција. Главна тема на Самитот е заштитата од тероризмот како светска закана со посебен акцент на заштита од тероризам на градовите кои се под заштита на УНЕСКО.

Општина Охрид за првпат е поканета да учествува во оваа мрежа што дополнително овозможува Охрид да биде промовиран како светски безбедна туристичка дестинација. Самитот е на високо ниво и на него учествуваат претставници на бројни градови и држави од светот како и претсавници на националните полиции и експерти од оваа област.

Самитот го отвори Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, а писмо со поддршка испрати државниот секретар на САД, Џон Кери.На овој голем меѓународен собир учествуваат градоначалниците на Анталија, Истанбул и Копенхаген, претставници на Стејтдепартментот и конгресмени од САД, претставници од Белгија, Норвешка, Индија, Кенија, Турција, Шпанија и други земји, кои ги споделуваат сопствените искуства и начини на справување со светскиот тероризам. Покрај Општина Охрид на Самитот, од Република Македонија учествува и Општина Чаир.

STRONG-CITIES-NETWORK-GLOBAL-SUMMIT4851