Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2016 година изнесува 44 593, а бројот на ноќевањата изнесува 94 566.
Бројот на туристите во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 25.8%.
Бројот на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23.4%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 39.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17.3%.
Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18.4%, а кај странските има зголемување за 15.8%.
Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 29.5%, а кај странските има зголемување за 15.1%.