Охридските ученици со голем успех на овогодинешните игри без граници

Вчера во училишната спортска сала во ОУ „Григор Прличев“ се одиграа финалните натпревари од Училишните игри без граници – Охрид 2015/2016, со што завршија овогодинешните игри без граници.

Дваесет и четири екипи од пет основни училишта од Општина Охрид кој што се пласираа во втората фаза на игрите, низ исклучително интересни едукативно- психофизички игри се натпреваруваа во одлична тимска атмосфера при што: третото место и го освои екипата „ТС” од 5-то 3.одд од ОУ „Христо Узунов”, второто место и припадна на екипата „ТРИ ЅВЕЗДИЧКИ” од 8.одд. при ОУ „Живко Чинго” од Велгошти, а додека првото место го освои екипата „СТАРС” од 5-то 5.одд при ОУ „Христо Узунов” од Охрид.

GE DIGITAL CAMERA

„Ова е голем успех за нас како училиште повеќе тежина се добива што учениците се од помала возраст што значи ни претстои светла иднина во нашето училиште за формирање на една здрава спортска и креативна личност“-  вели директорот Тони Симоновски.

Инаку, игрите започнаа на 1-ви Декември минатата година, во организација и реализација на Извидничкиот одред „Пионер“ и до сега учествуваа повеќе од 400 ученици од основните училишта од Охрид.

GE DIGITAL CAMERA

WebOhrid