На регионалниот натпревар на сообраќајно- воспитната манифестација „ Детски семафор“, што викендов се одржа во Кичево, учениците од ОУ „Кочо Рацин“ освоија две први места и второ место во екипна конкуренција. Со ваквиот резултат, охридската екипа обезбеди пласман на Државниот натпревар кој на 20 мај ќе се одржи во Скопје.
Првото место во машка конкуренција го освои Петар Вељаноски, а во женска конкуренција Каролина Ѓореска. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“, под менторство на наставничката Јулија Крстева, во екипна конкуренција го освоија второто место.
Целта на сообраќајно-воспитната манифестација “Детски семафор” е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот.