Шкендија го освои Купот на Македонија

Екипата на тетовска Шкендија успеа да го освои првиот трофеј од националниот куп против Работнички во својот трет обид. Во еден крајно динамичен, возбудлив и натпревар до самиот крај, фудбалерите на Шкендија славеа победа со 2:0.

На националната арена „Филип Втори” и двете екипи одиграа еден израмнет натпревар, со доста отворена игра, мн борба и шанси пред двата гола. Избраниците на селекторот Бруно Акраповиќ беа многу посигурни во завршница, искористија дел од своите можности и сосема заслужено се радуваа на освоениот трофеј од купот на Македонија.

Натпреварот започна со отворени напади и иницијатива на Шкендија која резултираше со брз погодок во мрежата на Шишковски. Марјан Радески ја искористи поволната ситуација во која се најде и во 7. минута стрелаше за водство на својата екипа. Како што одминуваше времето, Работнички ги консолидираше своите редови и играше се подобро. Во првото полувреме одлични шанси пропуштија Галиќ и Алтипармаковски.

Во продолжението од финалето, Работнички фрли се на една карта, целосно се отвори, што афтоматски значеше и поголем простор за брзите напаѓачи на Шкендија. Жуниор и Цуцули во вториот дел ги имаа најдобрите можности за својата екипа. Најдобрата прилика на натпреварот ја имапе Кире Маркоски, но гредата беше сојузник на Јовановски. Конечните 2:0 ги постави Жуниор во 95. минута од средбата.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:0 (1:0)

7` Радески 1:0; 95` Жуниор 2:0

ШКЕНДИЈА: Јовановски, Бејтулаи, Цуцули, Тодоровски, Демири, Вујчиќ,Јуфо (Положани), Жуниор, Ибраими, Радески (Хасани), Алими, Јуфо; Тренер: Бруно Акраповиќ;

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Миловановиќ, Херера, Елмаз (Маневски), Најденов, Сахити (Сахити), Алтипармаковски, Трајчевски, Галиќ (Маркоски); Тренер: Томислав Франц

„Го исполнивме тоа што ни беше зацртано пред натпреварот. Уживав во натпреварот. Сакам да им честитам на моите играчи, но и на фудбалерите на Работнички поради одличната игра која ја прикажаа. Голема благодарност и до нашите верни навивачи кои не бодреа во сите 90 минути.“ – изјави тренерот на Шкендија, Бруно Акраповиќ веднаш по натпреварот.

„Честитки до фудбалерите на Шкендија на освоениот трофеј. Лошо го започнавме натпреварот и тоа не чинеше трофеј во денешното финале.Имавме и период на добра игра, кога ги притиснавме фудбалерите на Шкендија, но не успеавме да реализираме. Разликана во овој натпревар беше во тоа што Шкендија максимално ги искористи своите можности, а ние не.“ – изјави тренерот на романтчарите, Томислав Франц.