Во ноември 2006 година во Анталија, Турција, одлучено е двата настани: Светскиот ден на телекомуникациите и Денот на информатичкото општество да се прославуваат заедно на 17 мај како Светски ден на телекомуникациите и информатичкото општество.
Резолуцијата 68 ги повикува земјите-членки и членовите на Секторот да го прослават денот на годишно ниво преку организирање на соодветни национални програми со цел за:
- стимулирање на размислување и размена на идеи на теми усвоени од страна на Советот;
- да дебатираат за различни аспекти на темата со сите партнери во општеството;
- формулирање на извештај за националните дискусии за прашањата и проблемите кои се поврзани со темата.
Целта на Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество е да помогне во подигнувањето на свеста за можностите од употребата на интернетот и другите информатички и комуникациски технологии и она што може да го добијат општествата и економиите.
WebOhrid