Жителите на Елшани, традицоионално и оваа година први во Македонија стигнаа до светиот крст. Уште од мугрите , во 5:00 часот со утринска богослужба започна чествувањето на празникот Богојавление. Повеќе стотини елшанци излегоа рано в црква на богослужба и осветување на леб и вода, а потоа на сретсело кај Клајнецот каде во изворските води традиционално се фрла светиот крст. Повеќе десетини млади елшанци со голема празнична возбуда скокаа по крстот. Оваа година среќниот фаќач беше Ристе Матлиоски кому ова му е вторпат да стигне прв до крстот. Како спомен на настанот, среќниот фаќач доби златно ланче со златен крст од црквата Свети Пророк Илија, како и таблет од МЗ Елшани.
Народниот елшански собир по свечениот чин продолжува во сенародно оро на сретсело каде старите и млади кумови светијонски служат топла ракија и бонбони.
Денешните празнувања продолжуваат и со богати светијонски трпези кај старите кумови, по што одново до доцните вечерни часови се игра и пее на сретсело во Елшани.
WebOhrid