Авион од компанијата „EgyptAir“ кој доцна синоќа полета од Париз за Каиро утрово исчезна од радар над Медитеранот. Во авионот имало 66 патници од кои 3 деца и 10 членови на екипажот.
Утрово од египетската авиокомпанија соопштија дека последниот сигнал од авионот бил примен во 02:25 часот кога авионот летал над Средоземно Море. Последниот контакт со пилотот бил остварен 10 минути пред тоа, а не биле пријавени никакви проблеми.
Египетскиот премиер Шериф Исмаил изјави дека е прерано да се дискутира дали станува збор за технички проблем или пак терористички напад.