Локалниот економски Совет на седница дискутираше за подготовките околу Новогодишните празници и празникот Водици

Денес градоначалникот Никола Бакрачески свика седница на Локалниот Економски Совет, на која се дискутираше за подготовките околу престојните Новогодишни празници и празникот Богојавление – Водици. Присутните беа запознаени со активностите на локалната самуправа и бизнис секторот од градов, за идеите кои се разгледуваат околу доведувањето на позната балканска естрадна ѕвезда за новогодишната ноќ и содржините за верскиот празник Богојавление. Со понудените содржини, празничната атмосфера во градот би траела од Нова Година до Водици, а гостите би се задржале за цело време да престојуваат во Охрид.

На седницата министерот Бил Павлески информираше за ситуацијата со охридски ЕМО и идејата за трансформација во економска развојна зона. Сите опции според Павлески, ќе имаат своја разрешница најдоцна до следната пролет, за кога се очекува да завршат сите формалности околу најновиот меѓуанароден тендер за ЕМО.

Градоначалникот Бакрачески даде кратко резиме на досегашните активности на локалната самоуправа и средбите со потенцијалните инвеститори, кои во најголем дел пројавуваат интерес за вложување во прехранбената и мал дел во текстилната индустрија.

Sostanok_gradski_t_4851