Посетете го Етнолошкиот музеј во Подмочани

Етнолошкиот музеј (сопственост на Јоне Ефтимовски) се наоѓа во преспанското село Подмочани и во него е сместена една од најбогатите етнолошки колекции во Македонија.

Во музејот е сместена ретка и импозантна колекција на над 2000 уметнички детали: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и преку 160 различни Македонски национални носии од разни региони на Македонија.