Ристе Ристески потпиша договор со „Гранд“ продукција

Ристе Ристески, харизматичното момче кое ја освои јавноста со својот моќен вокал во најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и формално стана дел од големото семејство на „Гранд“ продукција.

Имено, харизматичното момче кое со своите моќни изведби на големи регионални хитови успеа да го привлече вниманието на Балканската публика, потпиша ексклузивен договор на 9 години со српската „Гранд“ продукција. Во наредните 9 години продукцијата „Гранд“ во целост ќе се грижи за музичката кариера на Ристе, а младиот пејач за сите свои следни активности ќе мора да бара писмена дозвола од менаџментот на продукцијата.

Ристе Ристески е единствениот Македонец кој успеа да ги помине сите пречки во новата сезона и силно да зачекори кон спектакуларното финале на „Ѕвездите на Гранд“ кое се најавува за почетокот на месец јули. Победникот на шоуто и оваа година ќе добие луксузен стан во Белград, комплетен музички албум, голем број на видеозаписи и привилегирана можност да ги користи сите ресурси од големата Гранд групација.

Како потсетување, Ристески неодамна стана бренд амбасадор на „Слим Лајн Клуб“ за целиот регион и успеа да симне 13 килограми. Најголемата поддршка за оваа негова одлука дојде од дивата Јелена Карлеуша, чија мајка, Дивна Карлеуша со истите суплементи успеа да симне 40 килограми и драстично да го промени изгледот.

Анета Молика, Ален Хасановиќ, Филип Божиновски и уште неколку македонски имиња се веќе дел од продукцијата „Гранд“, а нивната кариера вртоглаво расте од ден во ден.