Прекрасно дружење низ игра, забава, спортување и едукација имаа четвртоодделенците од ОУ Св.Климент Охридски од Охрид на тродневниот камп во природа во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, кој се одржа од 22-24 мај во рамки на воннаставната програма на училиштето.
Предводени од своите наставници, помогнати од волонтерите на Црвен крст Охрид, тренери по прва помош, планинари, во прекрасен природен амбиент, младите учеа како да се снаоѓаат и ориентираат во планинска средина, како да ја чуваат природата, ја запознаваа планинската флора, планинареа по околните планински патеки, ги практикуваа основните знаења и техники за укажување самопомош и прва помош и ја изразуваа својата креативност на едукативните работилници кои беа насочени кон промоција и практикување на здравите животни навики и вредности, толеранција, одговорност, хуманост.
Своите впечатоци и импресии од овој камп младите ги споделија со своите родители преку програмата која за нив, заедно со наставниците, ја приготвија и ја изведоа денес во ЕТЦ на Црвен крст Охрид во Велестово.