Европската Унија ја го следи развојот на настаните со повикувањето на полициски разговори на претставниците на Хелсиншкиот комитет во Македонија.
„Внимателно го следиме развојот на настаните, но во моментов не сме во позиција да коментираме индивидуални случаи“ – изјави за „Мета“ висок претставник на ЕУ, одговарајќи на прашање како ги коментираат полициските сослушувања на челните лица на Хелсиншки комитет и на професорката Мирјана Најчевска.
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката Најчевска денеска соопштија дека добиле покани од МВР утре да дадат изјава за нивното учество во протестите. Пировска, која соопшти дека е повикана поради фрлање на боја на демонстрациите, рече дека „информативните“ разговори нема да ја натераат да престане да протестира.
Професорката Најчевска, од друга страна пак, вели дека не знае за што ја товарат затоа што не ги прекршила начелата за мирени протести.
Претседателот на Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев вчера исто така беше повикан на разговор поради учество на протестите. Против него е поднесена прекршочна пријава за нарушување на одредбите од законот за јавна чистота, заради фрлање на боја. Тој е казнет со 50 евра парична казна или општо-корисна работа.
Извор:meta.mk