Нема експлозивна направа која може да предизвика општа опасност поставена во патничко моторно возило во Струга. Ова го констатираа стручни полициски тимови од анти-тероризам при СВР Охрид и полициски службеници од полициската станица во Струга, при денешните активности во Струга по добиена информација за можна поставена направа во патнички автомобил на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга.
Во полициската станица во Струга, денес во 09 часот и 30 минути добиена е информација дека во патнички автомобил марка „Нисан Примера“ со бугарски регистарски ознаки, има направа која може да предизвика општа опасност.
По добиената информација, полициски екипи ги презедоа сите безбедносни мерки за обезбедување на поширокиот простор каде беше паркирано патничкото возило, а потоа и преглед врз истото.