Обука за едукатори за кампањата „Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста“

Црвен крст на РМ во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ спроведува кампања „Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста“ во чија реализација се вклучени општинските организации на Црвен крст кои ќе организираат обуки за компетентни лица на општествено одговорни позиции во сите општини во Република Македонија.

Целта на обуките е запознавање со кампањата чија цел е подигнување на свеста кај населението за хуманитарните потреби за мигрантите и бегалците кои транизитираат низ нашата држава, за лицата кои се наоѓаат во центрите на граничните премини, како и запознавање со точни и веродостојни информации за реалните состојби на терен.

Обуката ќе се одржи во просториите на Црвен крст Охрид на 30.05.2016 година (понеделник) во 14:00 часот  и ќе трае 1 час.