ВМРО-ДПМНЕ: Стопирањето на градбата на автопатите отвора сериозен сомнеж дека се подготвува криминал

Стопирањето на градбата на автопатите од страна на владата на СДС отвора сериозен сомнеж дека се спрема и подготвува криминал. Дел се работи за неспособност за менаџирање со проектите, но поглавната причина е сомнежот дека на голема врата се подготвува криминална деценијата. Обвини на денешната прес-конференција претседателката на Унија на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Снежана Стефаноска.

„Имено чим првата одлука на министерот за транспорт е стопирање на градба за која се обезбедени пари многу јасно е дека борбата е некои други фирми, блиски до СДС надвор од законите да го добијат вносниот милионски бизнис.

Токму затоа министерот Сугаревски и владата се служи со комплетни лаги, но и лагата им се распрснува како меур од сaпауница. Тие посочија дека било направени грешка во проектирање, а проектот е изработен и поради недостиг на капацитети и способност остваrен како нереализиран за време на мандатот на владата на СДС 2002 до 2006та година. На крај пред да отпочне градбата и откако владата на вмро дпмне обезбеди средства ревизијата го одобри изработениот проект.

Ова е совршено јасно дека СДС е фатена во офсаајд и зад прекинот се крие неспособноста на сдс да се носи со конкретниот проект и нивната одлучност да прават криминал од понатамошна нивна реализација.

Како е возможно изградбата да тече без прекин неколку години, а сега откако СДС е на власт уште во првиот месец да застане. Тоа е индикатор дека се спрема голем криминал кој ќе заврши во џебовите на газдите на сдс. Сакаме да порачаме, дека кога ќе дојде вмро дпмне на власт ќе продолжи со градбата со автопати и ќе го догради автопатот кој сега сдс го блокираше.“ – изјави Стефаноска.