ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на Европската унија со согласност на Министерството за образование и наука денеска ја посетија охридската гимназија во рамки на активноста „Отворени врати на учениците” која се спроведува веќе осум години.
Проф. д-р Игор Јовановски учениците во ова прилика ги запозна со историјатот на ЕУ и телата и институциите на ЕУ, како и придобивките од членството, прилагодени на возраста на средношколците. Се објаснуваа и принципите на ЕУ како консензус, кој е причината што некои земји меѓу кои и нашата се заглавени долго во “чекалната”за прием во истата. Презентацијата заврши со награден квиз и поделба на симболични подароци за најуспешниот.