Јолевски: Неопходна е взаемна соработка во борба против глобалниот тероризам

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вчера и денеска учествуваше на Балканскиот молитвен појадок кој се одржува во Белград, Република Србија.

Во текот на вчерашниот ден тој имаше свое обраќање во рамки на главната сесијата во однос на потребата од градење на добри меѓусоседски односи и зближување со соседите. Исто така во текот на денот имаше средби со претставници од американскиот Конгрес кои исто така присуствуваа на овој настан, а се сретна и со потпретседателот на Собранието на Република Србија, Владимир Маринковиќ и повеќе други учесници од регионот.

Во текот на денешниот ден се одржа тркалезна маса во Собранието на Република Србија, на која главна тема беше борбата против тероризмот како глобална закана.

На оваа тркалезна маса која ја водеше потпретседателот на Собранието на Република Србија, Владимир Маринковиќ, покрај министерот Јолевски учествуваа и министерот за одбрана на Србија, министрите за внатрешни работи на Црна Гора и Босна и Херцеговина, американскиот конгресмен, Роберт Адерхолт, поранешните конгресмени, Боб Меккју, Џим Слатери, еминентни американски професори, претставници од германскиот Бундестаг, Република Српска, Косово како и поранешниот министер за одбрана на Албанија, Фатмир Мејдиу при што беше договорено да се зајакне соработката во оваа област и воедно беше договорено да се изготви заеднички документ со кој ќе се предложат конкретни активности на земјите од регионот во борбата притив тероризмот, а воедно би се дале препораки на земјите членки од ЕУ и САД, за конкретна поддршка на овие напори.

Оваа средба е продолжување на средбата која се одржа во американскиот Конгрес на почетокот на оваа година, на која говореа сенаторите Меккеј и Ијнкоф и претставници од Југоисточна Европа.

Од страна на министерот Јолевски беше истакнато дека е неопходно земјите од регионот да соработуваат во борбата против овој глобален предизвик. Воедно тој побара земјите од Европската Унија и Соединетите Американски Држави, да дадат конкретна поддршка на напорите на земјите од регионот.

1-