Охридските стрелци освоија 4 медали на Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје

На Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје, меѓународна програма, кое вчера се одржа во Битола, од вкупно 9 медали за кои претендираа, 4 им припаднаа на охридските стрелци.

Во поединечна конкуренција, златниот медал за неприкосновено најдобриот стрелец во Македонија во категорија воздушна пушка мажи му припадна на Михаил Шишкоски со резултат од 595,7 круга. За Шишкоски ова е 6-та победа во низ на Државни Првенства со што покажува дека е недостижен и апсолутно непобедлив во својата категорија.

Сребрениот медал во категорија јуниорки и припадна на Мартина Петровска, новата надеж во спортското стрелаштво. Ова е воедно нејзин нов личен рекорд од солидни 401,2 кругови. Со бронзен медал, во истата категорија се закити Јана Маркоска со резултат од 384,4 круга.

Со бронзен медал во јуниорска категорија, се закити и Попоски Васко со резултат од 548,1 кругови.

И на ова ДП, изостана екипно прогласување на победници поради недоволниот број на екипи во сите категории, што доволно зборува за состојбата со стрелаштвото во Македонија.

13340674_10210126273052540_510494159_o