Лишено од слобода лице од Скопје поради „Оштетување туѓи предмети“

На 31. 05. 2016 година околу 20,15 минути на крстосница од улиците „Кочо Рацин“ и „11-ти Октомври“, согласно членот 158 став 3 од Законот за кривичната постапка, членот 45-а од Законот за полиција и членот 14-а од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, бил лишен од слобода Н.П.(47) од Скопје, кој управувал возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки и однесен во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување туѓи предмети“.

При преглед во возилото биле пронајдени и одземени три канти со дисперзиона боја од пет литри, две канти со кафена боја од три литри, девет канти со боја од литар, 11 спреја во разни бои, две ваљака за фарбање поголем број на водени пиштоли, две импровизирани направи составени од пластични цедилки и гумени ластици (катапулти) како и други предмети кои се предмет на кривично дело по член 243 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Со лицето е извршен разговор во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ по што истиот е пуштен на слобода.

По целосно расчистување и документирање на настанот против Н.П. ќе биде доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Скопје.