Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков денеска и утре присуствува на 11-тата Годишна прегледна конференција за соработка во областа на гранична безбедност во Југоисточна Европа која се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина. На конференцијата присуствуваат и министри за внатрешни работи на земјите од Југоисточна Европа како и високи претставници на Фронтекс и Европол.
Се очекува министерот Митко Чавков во текот на утрешниот ден да претседава на панелот посветен на – „Регионална соработка во областа на гранична безбедност: научени лекции и соочување со нови предизвици“.
Инаку денес, на маргините на конференцијата министерот Чавков оствари билатерални средби со г. Боштјан Шефиќ државен секретар при Министерство за внатрешни работи на Словенија, г. Драган Мектиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а ќе оствари и средба со г-ѓа Елона Ѓебреа, заменик министер за внатрешни работи на Албанија.