Набавени наставни помагала во ОУ „Григор Прличев“

После Велигденскиот саем, на кој учествуваа и учениците од ОУ „Григор Прличев“, од одделенска настава се набавија голем број наставни помагала.

„Учениците со голем ентузијазам ги изготвија велигденските украси и ја реализираа продажбата. Набавените помагала ќе ја збогатат наставата по предметите: физичко образование, математика и природни науки. Набавени се и магнети, шестари, линијари, топки, хулахопи, магнетни логички плочки итн. Радоста е поголема зашто ќе користат помагала за кои и тие придонеле.“ – велат од училиштето.

DSC_0197

Додаваат дека ваквите активности не само што ги мотивираат учениците, туку кај нив поттикнуваат бројни вештини. 

Grigor-saem--(2)