Свеченост за идните првачиња

Денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ ја реализира традиционалната манифестација под мотото „Збогум градинке! – Среќно првачиња!“ Популарно наречена „Осмина матура“.

На настанот се доделија предучилишни дипломи на децата кои се разделуваат од градинката и кои од Септември ќе го продолжат својот воспитно-образовен процес во основните училишта.

Оваа година во градинката престојуваа 248 деца на возраст од 5-6 години на кои градинката им ги додели првите дипломи.

idni_prvacinja_010620164852

Во нивна чест се одржа приредба на која учествуваа децата од 4-5 години низ која ги запознаа присутните со содржините на сите активности кои ги реализираа од месец септември до денес.

Оваа година за прв пат на децата им се доделуваат дипломи во простор надвор од градинката и во свечена облека и матурски капи кои се изработени на работилници од страна на сите вработени во установата.

idni_prvacinja_010620164853