СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б. (31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 29.02.2016 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во викенд куќа во с. Љубаниште на пријавениот при што се пронајдени 0,21 грама наркотична дрога марихуана, 16,92 грама семки канабис и два куршуми.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П. (28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела„неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Во август 2015 година, извршен е претрес во апартманот каде престојувал пријавениот каде се пронајдени шест таблети МДМА и 0,36 грама наркотична дрога марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ш. (33) и Ж.С. (21), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во февруари 2016 година, во Охрид од страна на полициски службеници извршен е преглед над првопријавениот С.Ш. при што се пронајдени 36 таблети бупренорфин. Во декември 2015 година, од страна на полициски службеници извршен е претрес во Охрид во куќата на второпријавениот Ж.С. каде се пронајдени 69,78 грама наркотична дрога марихуана.