Две лица се здобија со лесни, а едно со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 12 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот помеѓу селата Горенци и Требеништа.
Тешката сообраќајната незгода се случила при разминување помеѓу патничко моторно возило марка „Опел корса“ со струшки регистарски таблици кое се движело во правец од Охрид кон Кичево и возило „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки кое сообраќало во обратен правец. Во момент на разминување на двете возила, дошло до судар со предните страни од автомобилите. Од ударот, патничкиот автомобил „Опел- корса“ излетал надвор од коловоз и се превртел на кров.
Од местото на настанот до болницата „Св.Еразмо“ пренесени се двајцата возачи на патничките автомобили како и едно малолетно лице кое било сопатник во возилото „Опел Корса“. Возачот на ова возило има тешки телесни повреди и е надвор од животна опасност.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. За време на увидот немаше прекин на сообраќајот кој се одвиваше со наизменично пропуштање по една сообраќајна лента.
По наредба на Јавен обвинител, врз двата патнички автомобили ќе биде извршено дополнително вештачење.