Со овации и громогласен аплауз охридската публика ги награди актерски пар од Ужице Слободан Љубичиќ-првак на Ужички народен театар и Дивна Мариќ, за импозантната изведба на театарската претстава Крајот на викендот, на третиот ден од Театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Професионалните искусни актери кои веќе 18 години настапуваат со оваа претстава во многу земји во светот, вчера пред охриѓани на многу духовит и реален начин ја прикажаа кризата во средните години на еден брачен пар од секојдневието.
На четвртиот и последен ден од годинешното издание на Театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, со театарската претстава „Тие постојат и во сон и на јаве“, ќе се претстави театарската група на Црвен крст Суботица. Претставата ќе се прикажува на сцената во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 20:30 ч. Влезот е слободен.