Втор Куп во гаѓање со воздушно оружје – национална програма

На крајот на натпреварувачката сезона во гаѓање со воздушно оружје-национална програма, повторно доминација на стрелците од Охрид!

Викендов во Скопје се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје национална програма, на кое учествуваа околу 50-тина стрелци во сите категории.

Најголемата радост ја донесоа пионерките од СК „Охрид“ во состав: Анастасија Мојсоска, Ивона Тодороска и Јована Каланоска кои во екипна конкуренција го зазедоа првото место со резултат од 473 кругови. Во поединечна конкуренција, вицешампионска титула за младата Анастасија Мојсоска, која со резултат од 171 кругови, за три помалку, заостана од првопласираната Сара Томовска од СК „Стрелец“. Иако на пионерките ова им е трет настап, тие веќе се најдоа на врвот на македонското стрелаштво.

13334809_10210173376990109_775838481_o

Голем успех и за сениорите од ЖСК „Лихнидос“ кои во состав Томе Ристески, Благоја Ѓорѓиески и Тони Филипов, истотака ја зазедоа првата позиција во екипен пласман со резултат од 981 кругови. И во поединечен пласман Томе Ристески се пласира на втората позиција во сениорска категорија со резултат од 337 кругови.

13396652_10210181447871876_1038498505_o