Вчера околу 21:00 часот во с.Пештани-охридско избувнал пожар во куќа сопственост на М.Т. (42), кој настанал од експлозија на плинска боца.
При пожарот зафатени биле три спрата од куќата, а М.Т. се здобил со изгореници во пределот на рацете. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од ТППЕ – Охрид, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.