Од УЈП ги повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со активности и постапки за присилна наплата. Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваат навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.
Како да проверите дали имате долгови за РДТ
– УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ.
– Препорачуваат граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.
Како наједноставно да платите Радиодифузна такса
Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp
Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!
РДТ апликација за вашиот „смарт телефон“
Со апликацијата за М-Даночни сервиси на УЈП преку вашиот смарт телефон можете од било кое место и во било кое време да вршите on-line:
– Увид во евиденцијата за радиодифузна такса;
– Преглед на платени и неплатени решенија за РДТ.
За да ја користите оваа апликација, потребно е претходно да сте регистриран корисник на електронскиот сервис е-РДТ.
Корисни информации:
– За повеќе информации и техничка поддршка контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000;
– Совети и препораки за Радиодифузна такса (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/1190);
– Флаер „е-Радиодифузна такса“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/59).