Вчера во 16:50 часот во Кичево, при вербална расправија, Б.А. (40) од .с.Бачишта, кичевско, со нож го нападнал А.Р. (33) од Кичево, при што му нанел убодна рана во пределот на стомакот.
По нападот А.Р. се упатил во Медицинскиот центар Кичево, а Б.А. побегнал од местото на настанот. По кратко време Б.А. е приведен и лишен од слобода од страна на полициски службеници. Пронајден и одземен бил ножот со кој го сторил кривичното дело. А.Р. од Медицинскиот центар Кичево е пренесен во Медицинскиот центар Битола каде ќе му биде утврден карактерот на повредата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.