Океаните се срцето на нашата планета. Како што срцето пумпа крв во секој дел од телото, океаните ги поврзуваат луѓето од целата Земјата, без разлика каде живееме. Океаните ја регулираат климата, хранат милиони луѓе секоја година, произведуваат кислород, се дом на неверојатен спектар на флора и фауна, ни обезбедуваат важни лекови, и многу, многу повеќе! Со цел да се осигура здравјето и безбедноста на нашите заедници и идните генерации, императив претставува ние да ја преземеме одговорноста да се грижиме за океаните како што тие се грижат за нас.
Оваа година, темата е „Здрави океани, здрава планета“, со посебен акцент на спречувањето на загадувањето со пластика.
Загадувањето на животната средина со пластика е сериозна закана, бидејќи пластиката се разложува многу бавно и ги загадува водотеците на долг временски период. Загадувањето со пластика влијае врз здравјето на водните животни кои претставуваат извор на храна почнувајќи од планктоните, преку рибите, на крајот завршува со здравствени последици и кај човекот.
WebOhrid