Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ја чистеа зелената алга од кејот и езерото

Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото.

FotorCreated-3„Отпадот беше натоварен со трактор и тоа во вчерашниот ден поради невремето и ограничениот пристап беше натоварен еден трактор, а денес беа собрани два трактори. Ќе продолжиме и во утрешниот ден со почеток од 5:00 часот, во рамките на можностите кои ке ги дозволи самото време. Во наредните 2-3 месеци нормално е цутење и таложење на езерската алга при што нашите екипи ќе продолжат континуирано и тековно да работат на расчистување на истата.“ – велат од претпријатието.

DSCN2726